Лука Циндриќ, екс ракометарот на Металург и Вардар, еден од оние од златната генерација на “црвено – црните“ е цел на напади на Лино Червар, а денеска со свој коментар искочи и физиотерапевтот на селекцијата на Хрватска, Дамир Кајба.

Интересно, тој го нарече екс – вардарецот рекетар, се разбира кога станува збор за селекцијата на Хрватска.

Ако некој не заслужи да го носи дресот на репрезентацијата, тоа секако е Лука Циндриќ. Мене не ми не нормално како може тој да ја рекетира селекцијата, да чекаме три години да одигра нешто за Хрватска. Тој не разговара со нашите медиуми, туку дава изјави за тие од страна. Она што најмногу ме погоди е што директно го нападна најуспешниот селектор на Хрватска, Лино Червар. Што плука по човекот кој освои со репрезентацијата се што можеше да се освои. Тој не почитува никого, ни селекторот, ни луѓето од сојузот, ни сограчите, никого. Тој секогаш е повреден. Последното што се случи се жалеше на повреда на десната нога, на адукторот на десната нога. Кога дојда резултатите од прегледите од страна на Барселона, се покажа дека всушност станува збор за левата нога. Па потоа се правдаше дека неправилни биле резултатите. Ова веќе смешно со Циндриќ, само не ми јасно зошто некој од Сојузот не му каже тоа што треба да му каже. Тој со години ја рекетира репрезентацијата и ја уништува добрата атмосфера. Врв на се беше тоа што се случи минатата година. Лука се повреди, пратен е на магнетна во приватна клинина, со него се нашите доктори. Се плаќа за резултатот 1.000 евра. Но тој сака по секоја цена да оди во Барселона, таму да се прегледа. Никој не знае, му купуваме билет, а тој оди на преглед кај истиот тој доктор. После тоа се враќа, како нешто може да игра, а му зема место на некој здрав. Фрапантно од негова страна“ е дел од изјавата на Кајба за хрватските медиуми.