Ракометарите на Металург утрово отпатува за Русија, каде утре ги очекува натпреварот од шестото коло на групната фаза на Лигата на Европа со рускиот шампион Чеховски Медведи. Средбата ќе се одигра во Чехов, град оддалечен 75 км од Москва, во спортската арена “Олимпијски“.

Металург, по откриените неколку позитивни тестови, на ова гостување отпатува со 11 ракометари, кои ќе се обидат да му се спротистават на рускиот шампион.

“Со утрешното гостување кај Чеховски медведи за нас почнува пеколниот февруари во кој за 18 дена ќе треба да одиграме шест меча во Лигата на Европа. За Москва одиме без притисок, ќе дадеме сѐ од себе да одиграме најдобро што можеме и да се претставиме во најдобро светло“, вели капитенот на Металург Даниел Дупјачанец.

Средбата ќе почне во 18 часот и ќе може да се проследи на МТВ.