Денес на Градскиот стадион во Неготино екипата на ГФК Тиквеш 1930 го одигра четврттиот пријателски натпревар и забележа победа против екипата на ГФК Вардар од Неготино со резултат 4:1 (Христов два гола, Спахиу и Љамчевски стрелци за Тиквеш).
Следен контролен пријателски натпревар на кавадарчани е со екипите на ГФК Осогово и ФК Дубочица (Р.Србија) кој ке се одиграат по италијански систем на Градскиот стадион во Кочани.