Конечно добра вест за сите вардарци, за сите фанови на Вардар. Вардар денеска тргна, Вардар денеска ги стартуваше подготовките. Јасно е дека нашиот најтрофеен клуб доцни месец дена, пролетниот дел од сезоната почнува веќе во недела, но најважно е што се тргна.

Пред тренерот Џиџи, пред Шиле Блажевски, Најденов, Петковски и сите останати кои се во тимот, тука се и тренерите – асистенти на екс селекторот Никола Илиевски, претстои тешка задача.

Тие се свесни, знаат што ги чека, но се уверени дека ќе ја исполнат целта. А таа е овој Вардар во претстојниот пролетен дел да игра од срце, овој Вардар да не се предаде.