Боби Стојкоски и официјално е нов шеф на струката на Партизан Бардехов, тим од Втората лига во Словачка. Дека е официјално доказ е тоа што и самиот клуб се пофали со новиот тренер, Македонецот од Ѓорче кој ќе се обиде да го спаси Партизан Бардехов од испаѓање. Моментално овој тим се наоѓа на 13.позиција на табелата,. Од 15 клубови, со два минус во однос на тимот кој е на сигурна позиција на табелата.

Инаку Стојкоски до пред некој месец успешно ја предводеше екипата на Кораби, но поради немањето доволно амбиции на клубот од Дебар во Втората лига – запад, тој си замина. Претходно Стојкоски беше тренер и во Македонија ЃП, а на фудбалската јаност во Словачка и е познат по тоа што беше во стручниот штаб на Серед во сезоната 2019/2020.