Фудбалерите на Лајпциг со 2:1 беа подобри од Аугзбург во првиот меч од 21. коло на германската Бундеслига.

Лајпциг поведе по повторениот пенал во 38. минута кој двапати го изведе Дами Олмо. Во првиот обид Олмо не успеа да го совлада гостинскиот голман, но откако пеналот беше повторен, Шпанецот беше сигурен за водство од 1:0.

На две минути пред крајот на полувремето, „биковите“ веќе имаа водство и од 2:0. Нкунку беше прецизен за домашните кои на пауза заминаа со одлична предност.

Во вториот дел Аугзбург го засили темпото и се обидуваше да с еврати во игра. Гостите добија пенал во 77. минута, кој искусниот Калиџури го претвори во гол за 2:1.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore