Неколку француски извори вечерва ја потврдија најавата од пред некоја недела дека Дајот Упамекано од следната сезона ќе игра во дресот на Баерн (М). Во изминатиот период, директорот на Баерн (М), Хасан Салихамиџиќ разговараше со претставниците на 22-годишниот фудбалер околу преселбата на Французинот на „Алијанц Арена“, по што денеска стигнува вест дека двете страни си подале рака.

Новинарот на РМЦ Спорт, Лоик Танзи тврди дека сè е готово и дека наскоро трансферот ќе биде официјално потврден. Истата информација потоа ја пренесе и угледниот Л’Екип.

Баерн ќе му плати 40 милиони евра на Лајпциг за дефанзивецот кој беше еден од најбараните и минатото лето и оваа зима.