Роберт Митев и официјално е ново име во нападот на Охрид. Второлигашот од истоимениот град успеа да го ангажира некогашниот фудбалер на Беласица, Тиквеш и уште неколку клубови, и да потпише шестмесечен договор со опција соработката да продолжи на уште една година.

Охриѓани од Митев очекуваат искуство и квалитет во нападот. Инаку Митев веќе неколку недели е во таборот на Охриѓани. Тој го мина речиси целиот тек од подготовките, а одигра и неколку пријателски мечеви.

Сепак Охрид реши денеска да го промовира.