Во Канада се одигра најдолгиот хокеарски натпревар во историјата, информира „CBS“. 40 играчи од Едмонтон во тимовите на Хоуп (надеж) и Кјур (лек) останаа на лизгалиште 252 часа без прекин.

Двобојот траел од 4. до 15. февруари и завршил со победа на тимот Хоуп со резултат 2649:2528.  Средбата се одиграла на отворено, а температурата на моменти достигнала и -55 степени Целзиусови.

Мечот е од хуманитарен карактер. Целта на оваа активност било собирање на средства за лекување од рак. Собраните 1,8 милиони долари се наменети за Универзитетот во Алберта, а собрани се 300.000 долари повеќе од границата што беше поставена пред почетокот на натпреварот.