Аслан Карацев е името за кое целиот тениски свет зборува во моментов. Анонимниот се досега русин, кој е инаку 114 тенисер на светот, влезе во полуфиналето од Австралија опен и ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Па така, прецизните статистичари се обидуваат да изнесат што е можно повеќе информации за него па објавија дека тој во неговата досегашна кариера има заработено вкупно 618.354 долари, а сега за само десетина дена успех на Австралија Опне сигурни му се засега  662.000.

Доколку пак направи уште една сезнација и го совлада Ѓоковиќ, па влезе во големото финале тогап дефинитивно ќе биде побигат за минимум, 1.17 милиони долари.