Селекторот Игор Ангеловски и неговите помошници, денеска го одработија тренингот по повод мини тренинг кампот организиран деновиве. За утре е закажан пријателскиот меч против тимот на Работнички, а денеска репрезентативците, оние кои му се на располагање на Ангеловски по исклучително студено време одработија на вештачката трева на комплексот Петар Милошевски.

Од повиканите не беше присутен само Филип Најдовски, а останатите му се на располагање на селекторот за утрешниот меч.

Мечот против Работнички ќе се одигра на 17. февруари во 14:00 часот на комплексот Петар Милошевски.