Борусија (Д) го изненади тимот на Севилја и со победа од 3:2 се враќа од првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите одигран вечерва на „Рамон Санчез Писхуан“.

На прв гол во Севилја чекавме само седум минути. Сусо сам си створи шанса, успеа да бие под нозете на фудбалерите на Борусија (Д) и да го измами голманот Хиц за водство од 1:0.

Германците инсистираа на израмнување, креираа неколку шанси, за конечно во еден соло побив Дауд да погоди во 19. минута од далечина и да израмни на 1:1.

Во 27. минута од првиот дел, Ерлинг Халанд имаше еден слалом во противничкото поле, одигра двојна со Санчо и погоди за комплетен пресврт и водство на Германците од 2:1. Гостите продолжија со притисокот, украдоа топка на средината, повлекоа контра и преку Халанд зголемија и на 3:1 во 43. минута.

Во вториот дел Германците играа одлично и не дозволуваа домашните да ги притиснат. Сепак, по едно одлично уфрлување од слободен удар, Лук Де Јонг погоди во 84. минута и намали на 2:3.

СЕВИЛЈА – БОРУСИЈА (Д) 2:3