Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше незадржлив за Барселона. Младиот играч реализираше хет-трик на „Ноу Камп“ ја стави Барселона на работ на амбисот. „Каталонците“ минаа низ кошмар, а еден од најпознатите навивачи на Реал Мадрид имаше причина за двојно славење.
Пензионираниот УФЦ шампион Хабиб Нурмагомедов во живо го следеше мечот на „Ноу Камп“, а на крајот тој се пофали со потпишан дрес што го добил од Килијан Мбапе по завршувањето на мечот.
Хабиб е симпатизер на Реал Мадрид па за него овој пораз на Барса е задоволство исто како и дресот подарок од надежната фудбалска ѕвезда Мбапе.