Македонската фудбалска репрезентација за првпат во историјата ќе игра на Европското фудбалско првенство. Турнирот место во 2020, ќе се игра во 2021 година, засега во неколку европски градови. Македонија е во групата со Австрија, Холандија и Украина, а ќе игра во Букурешт и во Амстредам.

За овој историски момент македонскиот национален тим ќе настапи и со нови дресови. Веќе се наѕира изгледот на новите дресови на фирмата за спортска опрема ЈАКО, дизајнот е на Рахила Илиев. Наскоро ќе биде и промоцијата…