Некогашниот Македонски репрезентативен голман, а во денешно време тренер на повеќе наши прволигаши, Јане Николски е нов кормилар на второлигашот Слога Виница.

По заминувањето на Крсте Крстев од клупата зимава, Николски ја презима фунцијата прв тренер.

Виничани имаат амбиции да останат стабилен второлигаш во периодот кој следува и активно работат на тоа клубот да го издигнат на што е можно повисоко ниво.