Бобан Николов пред неколку недели стана член на Лече. Тој е еден од нашите најдобри фудбалери, постојан репрезентативец и еден од најзаслужните за пласманот на ЕВРО 2020.

Николов својата фудбалска кариера ја започна во романските клубови Академијата Хаџи и Виторул, па затоа секогаш е интересен за тамошните медиуми.

Во интеревјуто за “Телекомспорт.ро“ тој покрај другите говореше во суперлативи за својот репрезентативен капитен Горан Пандев.

За успехот на Пандев веројатно своја заслуга има тоа што тој пие многу вода и јаде многу киви. Кога имав само 20-ет години во репрезентацијата ме зеде под свое што се вели. Македонците треба да му направат статуа на Пандев. Искрено не знам дали во иднина ќе има таков играч како него кој ќе освои се што освои Пандев. Кога разговаравме пред извесно време тој ми напомена дека ако може ќе ги даде сите свои титули само за да направи нешто големо се својата репрезентација, и ете се пласиравме на ЕВРО 2020“ изјави Николов.