Борусија Дортмунд се чини по завршувањето на сезоната ќе се раздели со Михаел Цорк, и на местото спортски директор ќе постави некое друго лице.

Засега Себастијан Кел е блиску да го смени, меѓутоа од Дортмунд доаѓаат информации дека Кел би можел да работи заедно со Свен Мислинтат, односно тој да биде главен, а Кел да му асистира.

Кој е Мислинтат? Малку познат на јавноста во овие простори, но тоа е човекот кој беше во Борусија Дортмунд кога овој тим ги оствари најголемите историски успеси во 2012 година освојувајќи ја двојната круна, и потоа играше во финалето на Лигата на шампионите.

Мислинтат ги донесе во Дортмунд познатите Левандовски, Дембеле, Пулишиќ, Санчо, Кагава, Шахин, Гундоган, Суботиќ, Хумелс…

Мислинтат потоа замина во Арсенал, но малку издржа. Сега во моментов е дел од Штутгарт, но е многу блиску да се врати повторно во таборот на „милионерите“.

Покрај Мислинтат и Кел, еден од кандидатите за спортски директор е и Фреди Бобиќ, сегашен спортски директор на Ајнтрахт Франкфурт, и поранешен играш на Борусија.