Реал Мадрид без блесок, го совлада Ваљадолид и успеа да освои важни три бода во битката за титулата во Ла Лига.

Со голот на Каземиро во 65. минута, „кралевите“ успеаја да дојдат до три бода. Претходно Ваљадолид пропушти 1-2 добри шанси, особено во првиот дел кога Куртоа со крајни напори мораше да спасува. За воља на вистината домашните имаа повеќе упатени удари кон голот, но на крајот победата заминува во Мадрид.

Ова е добродојдена победа за Реал, особено по „киксот“ и поразот на Атлетико на домашен терен од Леванте.