Денеска на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски заврши петтото издание на националниот и меѓуклупски натпревар Skopje on Ice. Оваа година на натпреварот учествуваа 53 учесници од четири држави кои се натпреваруваа во 10 категории.

Притоа беа прогласени македонските шампиони за 2021 година и тоа:

Во сениорска конкуренција тоа е Климентина Малеевска, кај младинките најдобра е Моника Макаровска, кај јуниорите Селдин Салију, а кај јуниорките Јана Куковска.