Капитенот на младинската репрезентација на Македонија Милан Ристовски конечно заигра за неговиот нов клуб Спартак Трнава. Ристовски кој од Ријека замина на позајмица во словачката екипа минатиот месец иако повреден двете страни потпишаа договор. Тој нема натпревар од септември минатата година, па сега го одигра првиот меч за новата екипа.

А дебито беше на гостувањето кај неговиот претходен клуб Нитра (минатата сезона играше кај нив како позајмен). Играчот за врска влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а неговиот тим преку Савидис даде гол и победи со 1:0.