Медиумската војна помеѓу двата кандидати за нов претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Хуан Лапорта и Виктор Фонт продолжува.

Лапорта пред неколку дена изјави дека главна цел по освојувањето на мандатот ќе му биде задржување на Меси и трансфер на Ерлинг Халанд на Ноу Камп.

Од друга страна пак, сега Фонт се надоврзува на овие изјави на својот противник кој ги нарекува несериозни.

„Вака да се генерализираат нештата и да се даваат несериозни изјави на сред наш настап во Лигата на Шампионите каде што имаме сериозен предизвик пред себе мислам дека е многу лошо. Па како може Лапорта да го доведува Халанд кога пред само неколку недели, БАрселона немаше доволно пари да го доведе Ерик Гарсија од Манчестер Сити“ – изјави Фонт кој нагласи дека главна цел ќе биде доведување на замена за заминатиот Луис Суарез.