Фудбалерите на англискиот второлигаш Бурнмаут ставаат крај на практиката на клекнат пред почетокот на натпреварите од англискиот шампионат. Капитенот на тимот Стив Кук објасни дека гестот повеќе нема значење во борбата против расизмот и дискриминацијата.

„Борбата против сите форми на дискриминација и стремежот кон еднаквост за сите се многу важни работи за сите во тимот“, рече Кук во изјавата за официјалната веб-страница на клубот пред саботниот натпревар против Квинс Парк Ренџерс.

„За нас, сепак, ова е многу повеќе од гест кој веќе изгледа бесмислен. Тој нема ефект каков што имаше пред девет месеци. Секој од нас се обидува да биде пример за и надвор од теренот, но исто така ни треба од поддршка од социјалните мрежи и институции. Сакаме да видиме повеќе случаи отколку гестови“, вели Вилфред Заха, фудбалерот на Кристал Палас, кој исто така најави дека клекнувањето станува бесмислено.