Денеска е спречена голема несреќа благодарение на фудбалерот на ГФК Охрид, Един Мерсовски. Три малолетни деца се давеа во Охридското езеро, а Мерсовски скокнал во Езерото и ги извлекол од таму, пренесува „NEWS1.мк“.

Според зборовите на фудбалерот прво мислел дека си играат но и му паднало чудно што во овој период се капат во езеро. И случајни минувачи се прашувале што е работата, а Мерсовски на време сватил дека нешто не е во ред и скокнал да ги спаси.

Според „NEWS1.mk“ едно од дечињата се лизнало и паднало во водата, а другарчињата сакајќи да му помогнат скокнале по него меѓутоа не можеле да се извлечат едно со друго.