Џенова два пати имаше негатива во дуелот со Верона на домашен терен, а Милан Бадељ во судиското надополнување го спаси тимот на Горан Пандев.

Македонецот го почна дуелот од клупата, а потоа влезе во 67. минута.

Верона водеше на полувремето со гол на Илиќ, а Шомуродов израмни во 48. минута. Фараони носи водство за Верона повторно, за Бадељ во 93. минута да донесе бод.