Фудбалерите на Беневенто со играч помалку издржаа да не примат гол и да дојдат до еден бод на домашен терен против фаворитот Рома (0:0). Домашните кои грчевито до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во елитата, одиграа добар меч, но мораа да се бранат од 57. минута кога Камил Глик поради втор жолт картон мораше да го напушти теренот.

Рома и покрај доминацијата, не успеа да ја погоди домашната мрежа. Гостите добија и пенал во 96. минута од мечот, но главниот судија по консултација со ВАР собата, сепак, пресуди дека немало старт за пенал.

За Беневенто ова беше седмо реми сезонава кое ги носи до 25 бода и пласман на 15. место на табелата, додека Рома по победата против Удинезе во минатото коло, сега го запиша петтото сезонско реми и остана на третото место на табелата во Серија А.

Standings provided by SofaScore LiveScore