Женската репрезентација на Македонија загуби на пријателскиот меч во Црна Гора со високи и убедливи 5:0.
Избраничките на селекторот Кирил Изов губеа по само три минути со 1:0, а во 15. минута веќе беше 3:0.
До крајот на мечот црногорките постигнаа уште два гола и ги поставија конечните 5:0 на овој натпревар.