Попусто рекордот на Лионел Меси со 506 мечеви во ппанската Примера со што го мина Чави на вечната листа во Барселона. Попусто и пеналот кој го реализираше токму тој на мечот против Кадиз попладнево затоа што гостите во 89. минута преку Фернандез реализираа своја најстрога казна и израмнија на 1:1. Немаше повеќе време за нов гол на домашните, па Кадиз освои неочекуван и за нив екстра бод кај огромниот фаворит на овој меч.

Барса на овој начин не успеа да го искористи киксот на лидерот Атлетико Мадрид кој синоќа загуби од Леванте, и остана трет со 47. бодови. Атлетико и натаму прв со 55, Реал Мадрид втор со 52. бода.