Тренерот на Барселона, Роналд Куман не го криеше разочарувањето по „ремито“ со Кадиз на домашен терен.

Со тоа Барса се чини и конечно е надвор од трката за титулата во Шпанија, а со оглед на поразот од ПСЖ во ЛШ и од Севиља во Купот, се чини „Каталонците“ ќе останат без ниту еден трофеј годинава.

Куман истакна дека е повеќе разочаран со ова реми, отколку од поразот од ПСЖ.

„Можеби денеска сум повеќе разочаран од вторникот. Имавме низа на домашни натпревари да искористиме кикс на ривалот, и не успеавме. Во овој натпревар едноставно моравме да славиме. Не сакам поединечно да ги критивкувам играчите, виновен е целиот тим. Во нападот не бевме доволно добри“, истакна Куман.