Кадиз денес направи големо изненадување откако успеа да освои бод на гостувањето кај Барселона. По ремито, 1:1, Кадиз објави фотографии на својот официјален профил на Твитер кои ги воодушевија навивачите на Барселона.

Тие им се заблагодарија на Каталонците за гостопримството, и целосно ги исчистија соблекувалните пред да се упатат дома.

“И благодариме на Барселона за одличното гостопримство и однесување. Го напуштаме Камп Ноу откако дадовме се од себе на теренот. Ви посакуваме многу среќа за остатокот од сезоната”, напишаа од Кадиз.