Со гол постигнат во петтата минута од судиското продолжение, тимот на Баер Леверкузен успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Аугзбург и на тој начин да остане во игра за пласман на првите четири места на табелата.
Херој на тимот од Леверкузен е Тапсоба кој погоди во последните моменти од натпреварот. Претходно домаќините водеа речиси цел меч, откако Флориан Наидерлекнер уште на самиот старт на мечот, во 5. минута, го доведе Аугзбург во водство.

Лееверкузен со овој бод стигна до бројката 37. и петтата позиција на табелата, додека пак Аугзбург повеќе ќе размислува на оние два поени кои ги испушти отколку на оној бод кој го впиша на своето конто по овој меч.