Мигуелина дос Сантос, мајката на Роналдињо не успеа да ја добие битката со корнавирус.

Таа во декември минатата година била хоспитализирана поради Ковид-19, кој во Бразил беше доста развиен и однесе бројни жртви, една од нив беше мајката на легендарниот фудбалер.

Атлетико Минеиро, еден од најпосебните тимови во кариерата на Роналдињо на својата официјална страница испрати сочувство до фудбалерот.