Норешкиот скијал Себастијан Фос-Солеваг е освојувач на златниот медал во слаломот на Светското првенство во Кортина д’Ампецо. Во последниот настан на СП, Норвежанецот заврши прв пред Австриецот Адриан Пертл, а трет беше уште еден норвешки скијач Хенрик Кристоферсен.
Ова е второ злато за Норвешка на ова СП, но прво во индивидуална категорија. Претходно триуфмираа во тимскиот ивент. Инаку ова е прв златен медал за Фос-Солеваг на Светските првенства, а ова му е четврто учество.

Фото: Printscreen