Манчестер Ј. нема намера да се откаже од битката за шампионската титула во Англија. Во последниот меч од тековното коло вечерва, „црвените ѓаволи“ на домашен терен беа подобри од Њукасл со 3:1 со што, конечно, по две ремија во изминатите две кола успеаја да ја прослават 14-тата сезонска победа.

Со голот на Рашфорд, домашните поведоа во 30. минута, по што до полувремето гостите успеаја да израмнат со голот на Сент-Максим во 36. минута.

Одлуката падна во вториот дел, кога домашните беа многу подобар тим на „Олд Трафорд“. Даниел Џејмс во 57. минута постигна гол за водство од 2:1, а од белата точка во 75. минута, Бруно Фернандеш ги постави конечните 3:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore