Новак Ѓоковиќ одново е кралот на Австралија опен. Го победи Медведев со 3:0 во финалето и ја крена титулата по деветти пат што е рекорд од еден тенисер.

Излегов со јасен план за игра. Беше тесен прв сет, направив брејк за 6:5. Знаев што може Русинот, го познавам добро, во добра форма е и има 20 победи… Пробав да се држам, да не му дадам премногу простор да се размавме. Ова дефинитивно беше најдобриот мој меч на турнирот. Морав да ја прилагодам играта. Зборував со тренерот изминатите денови, анализиравме и се спремавме. Клучот беше мојот добар ритерн,тој имаше многу лесни поени на турнирот но не и сега кога го терав да удар повеќе. Се тркав со него, знаев дека тоа го можам. Имав варијации во вистинско време“, вели Ѓоковиќ.

Искрено, пред финалето морав да се затворам во школка, да се фокусирам на заздравувањето, ментално да се спремам. А добро го направив тоа. И самиот се изненадив од својата добра игра. Има многу позитивни работи од овој турнир, но секако ќе си земам малку одмор“, вели деветкраниот шампион на Мелбурн.