Блескаво издание на Беласица во Тетово. Совладана е Ренова со 4:2.  Ретко кој можеше да претпостави дека Беласица, која е “отпишана“ од многумина, не само што ќе ја победи Ренова на нејзин терен туку ќе и даде дури четири голови.

И дефинитивно струмичани не се даваат така лесно.

Ѓоре Јовановски на еден официјален меч за Беласица дебитираше на блескав начин. Таа негова изјава за СПОРТМЕДИА пред мечот, дека Беласица ќе оди на победа под Шара, во целост се потврди.

“Како прво честитки за Ренова на нејзиното гостопримство. Победивме екипа која е меѓу првите четири по квалитет во нашата лига. Ете затоа успехот на Беласица е голем. Освоени се големи три бода. Верувавме во себе, бевме борбени, играчите навистина заслужуваат честитки. Ова ни дава голема самодоверба за понатамошните мечеви, ова е добро за нас од психолошка гледна точка. Дури сега ништо не е готово за нас“ вели за СПОРТМЕДИА стратегот на струмичани Ѓоре Јовановски.