Ветеранот на голот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон вечерва ќе го започне мечот против Кротоне наместо стандардниот Војчех Шчесни, што е своевидна најава за продолжување на договорот со италијанскиот шампион.

Актуелниот договор на популарниот Џиџи со гигантот од Торино истекува на крајот на сезоната, а досега немаше официјална потврда дека ќе има нова соработка.

Буфон последен пат беше на голот на Јувентус на мечот против Парма пред повеќе од два месеци. Сето ова го доведе во прашање навестувањето дека тој може да замине во пензија на лето, но искусниот голман затскриено најави дека очекува договор на уште една сезона.

И Италијанските медиуми се единствени во најавата дека 43-годишниот голман ќе продолжи да брани за Јувентус и следната сезона.