Најновата вест од Италија е дека Габриеле Гравина, досегашниот прв човек на тамошната фудбалска федерација е резибран и ќе остане на нејзино чело до 2024 година. Тој на изборите ја доби довербата со 73.45% гласови, додека неговиот противкандидат Козимо Сибилија собра “само“ 26.25% од гласовите.

Гравина дојде на местото прв човек на Фудбалската федерација на Италија во октомври 2018 година.

Ви благодарам за вашата посветеност, трпеливост и доверба.Предложив стратегија што ќе биде тешка, ние како федерација го извлекуваме максимумот во овие тешки времиња. Чувствуваме одговорност кон илјадници млади луѓе на кои мора да им се даде поубав, солиден одржлив фудбал“беа првите зборови на Гравина откако беше и официјално реизбран.

Инаку Собранието на федерацијата се одржа денеска во хотелот “Валдорф Асторија“ во Рим.