Шокантна вест дојде од Португалија. Соиграчот на македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, Алфредо Кинтана доживеа срцев удар.

Тој е во болница, засега нема дополнителни информации од страна на клубот за неговата здравствена состојба, но според тамошните медиуми тој е на интезивна нега и во тешка сосојба.

Токму поради оваа новонастаната ситуација, ЕХФ одлучи да го одложи дуелот меѓу Мешков Брест и Порто.