На контролните мечеви во Анталија, Македонската репрезентација до 17. години на чело со селекторот Тони Јакимовски денеска загуби од селекцијата на Русија со конечни 1:3.

Стрелец на единствениот гол за нашиот состав беше Зани Назифи, во дуел во кој и противникот и ние имавме шанси за гол но русите своите ги искористија.

За потсетување и помладата генерација која е во Анталија вчера загуби но со 4:0 исто така од селекцијата на Русија.