Шкупи вчера славеше на гостувањето кај Борец со 1:0, а оваа победа беше дебитантска во домашното првенство за тренерот Хасан Озер.

„Вчерашниот натпревар беше доста тежок, имавме предвид дека ќе играме против противник кој претрпе многу измени и дека во ниту еден момент ова нема да биде лесно. Во првото полувреме имавме само ддве шанси, но второто полувреме беше поинакво. Успеавме да го отвориме противникот и да создадеме уште повеќе шанси, кои дадоа резултат. Секако дека ќе им честитам на моите фудбалери за прикажаната игра, бев задоволен од сите, а и новите засилувања имаа добри настапи. Се надеваме дека ќе продолжиме со ова темпо и на другите натпревари и ќе продолжиме кон нашата цел“ , вели Озер.