Неверојатниот Кристијано Роналдо продолжува да ниже лични рекорди, а со двата погодоци против Кротоне вечерва стигна до неверојатни 14 сезони по ред на кои реализира најмалку 25 голови. Тоа е нешто неверојатно и уникатно. Сезонава од 25 гола за Јуве, 18 му се во првенството.

Во 2007/08 реализираше 42 гола, а следната сезона имаше лош ефект само 26 гола. Најдобрата сезона му беше 2014/15 со дури 61 гол.