Шкендија малку потешко од очекувањата, сепак дојде до целиот плен во Кратово. Силекс доста го намачи лидерот, тетовци имаа и негатива, но потоа како да префрлија во поголема брзина и го решија мечот со 2:1.

Тренерот на тетовци Ернест Ѓока задоволен е од победата, од залагањето на момците, но сепак имаше и замерки.

Сепак според него најважни се трите бода на првиот пролетен меч сезонава.

Успеавме да ги освоиме трите бода на терен каде што е многу тешко да се игра, каде домашниот тим не ти дозволува да ја играш својата игра.Направивме неколку грешки во првото полувреме, токму тогаш кога домашниот тим ги имаше своите најдобри минути. Следуваше подобра игра на нашиот тим, го свртивме текот на настаните во наша корист. Бараввме и трет гол во тоа второ полувреме каде во целост доминиравме, но се покажа дека и 2:1 е доволно за трите бода. Јас сметам дека мораме работите да ги решаваме уште во првото полувреме, не смееме да дозволиме да играме добро само во второриот период. За новите имиња што да кажам, сите тројца се квалитетни играчи, но јасно е дека ќе им треба време да се адаптираат“рече Ѓока за клупскиот сајт.