Прославата на победата во дербито против Шалке, „скапо“ ќе ја чини Борусија Дортмунд. Клубот ќе мора да плати 75 илјади евра, поради тоа што играчите славеле без почитување на протоколите.

Имено, тимот на Борусија ја славеше победата во клупскиот автобус, без дистанца и без носење на маски.

Тоа беше доволно германскиот сојуз да им изрече казна.