Менаџерот на Астон Вила Дин Смит бараше од каде течат информации околу неговиот тим и го најде. Новината за повредата на Џек Грилиш се распространи на социјалните мрежи пред поразот на тимот на домашен терен од Лестер со 1:2.

Дури во некои англиски медиуми се појави теорија дека главните виновници за тоа што се случило се неколку членови на клубот од Бирмингем кои го извадиле играчот од составите во популарната игра Fantasy football. Тоа било сигнал дека нешти се случува со Грилиш и брзо оддекна веста дека тој нема да игра против Лестер иако тренерот тоа го криеше од ривалот. По оваа приказна, играчите на Вила како и членови на стручниот штаб добија забрани да ја играат популарната игра поради опасност од „течење“ на информации.

Инаку играчите на оваа онлајн игра формираат екипа од вистински играчи и собираат поени кога тие ќе постигнат голови, ќе направат асистенции или ќе одиграат клучна улога во победата на своите тимови. Притоа губат поени доколку некој направи кикс, добие црвен картон или не добива поени доколку некој не игра или е повреден.

Засега профил имаат играчите Мат Таргет, Конор Харикејн и Нил Тејлот, како и двајца службеници на Астон Вила кои го тргнале Грилиш од своите екипи пред крајниот рок за промена на играчи (до петок).

Грилиш не играше поради повреда на ногата.

„Ми беше чудно како низ социјалните медиуми се прошири веста дека тој нема да игра. Никој однадвор не го знаеше тоа. Таа информација мора да е од нашата база. Преземаме мерки“, изјави Смит.