Пау Гасол и официјално е дел од тимот на Барселона. Ветеранот се реактивираше со оглед на фактот што нема одиграно меч од 2019 година, но откако се врати во Европа од САД и НБА лигата каде што ги мина последните дваесетина години, тој се реши да му помогне на неговиот некогаше клуб и да заигра повторно во главниот град на Каталонија.

„„Многу ми е мило да објавам дека се враќам дома и дека наскоро ќе бидам дел од Барселона. Сакам со своето искуство и знаење да му помогнам на тимот во најважниот дел од сезоната, додека во исто време работам на враќање во натпреварувачка форма. Среќен сум поради враќањето во клубот во кој ја започнав кариерата и сум крајно возбуден поради оваа шанса. Сакам да и заблагодарам на Барселона бидејќи ми овозможија да им се приклучам“, изјави Гасол.