Македонскиот младински репрезентативец Давид Тошевски до лето ќе биде позајмен на тимот на Тамбов.

Играчот на Ростов, заминува во последнопласираниот тим во шампионатот на Русија, каде што очигледно се смета дека ќе има минутажа и каде што ќе му биде дадена шансата која ја посакува секој млад играч.

Тошевски во Ростов замина минатото лето, и имаше неколку настапи за тимот во најсилната руска конкуренција, а дел одигра и за резервниот тим на Ростов каде што посттигна и неколку гола.