Металург во Виена, во меч од групната фаза во Европската лига убедливо беше поразен од Фиверс со 45-30. По мечот стратегот на нашиот тим, Оливер Димитриоски имаше свој коментар околу тоа како го виде изданието на неговиот тим.

Имавме многу повредени и позитивни играчи пред овој натпревар. Кога е така не можеш да работиш заедно, во полн состав. Вечерва не одигравме одбрана, и затоа резултатот е тој. Се надевам дека на следните натпревари тоа ќе се поправи. Треба да се каже дека на последните натшревари од Европската лига во составот на Металург имаше неколку ракометари со по 16 години, настојуваме да создаваме играчи за во иднина“ истакна Димитриоски.