Стандардниот првотимец на тимот на Академија Пандев, Диме Димов ќе одсуствува подолг период од терените, затоа што на пријателскиот меч против Кожув страдаа лигаментите на коленото.

Димов денеска ги направил потребните прегледи и било констатирано оштетување. Се знае што значи ова, следува операција, рехабилитација и долга пауза за стоперот.

Да биде трагедијата уште поголема за тимот на Академија Пандев, на овој меч се повреди и Николче Шаркоски, кај кого страдала ложата.