Даниел Дупјачанец, за разлика од неговиот тим во Виена, тој на својот гол прикажа сосема солидна партија со своите 14 одбрани против Фиверс. Но и тоа не беше доволно за добар резултат, Металург веше поразен со 15 голови разлика.

Фиверс одигра добар натпревар, честитки за победата. Ние не одигравме онака како што се договоривме и затоа примивне 45 голови. Немаше агресивност во нашата одбрана, затоа резултатот не е изненадување. Од друга страна треба да се каже дека секој меч во Европската лига е искуство повеќе за нашите млади ракометари. Сепак треба на секој меч да се игра максимално, пред нас е многу работа“ изјави голманот на Металург веднаш по мечот во Виена.