Убава вест за нашите клубови од ЕХФ, која информираше дека наскоро, на 26 февруари ќе биде донесена одлуката за тоа како ќе се „регулираат“оние неколку натпревари кои не се одиграни во Лигата на Шампионите и Европската лига.

Постои голема можност Вардар, Е. Пелистер и Металург да добијат службени бодови, ако се знае дека неколку натпревари на овие екипи не се одиграни и тоа не по нивна вина. Да потсетиме дека Вардар не ги одигра двата меча со ПСЖ, потоа и со Фленсбург. Е. Пелистер пак не одигра со РНЛ, додека Металург не одигра со Тулуз. Откако се знае дека до 2 март, кога треба да се заврши групната фаза нема шанса овие неодиграни мечеви да се одиграат, ЕХФ би требало да реши каде ќе одат бодовите од тие мечеви. На поголем дел од натпреварите кои не се одиграа, нашите екипи не беа виновни за одложувањето, па затоа велиме дека постои можност Вардар 1961, Е. Пелистер и Металург да го добијат бодовите.

Сепак се ќе биде познато за три дена.